Моден тренд

Флорални чизми хит за оваа есен

27 септември 2017

Секоја сезона има по еден свој фаворит како модно парче.

Оваа есен тоа се флоралните чизмички на Баленсиага, изработени од еластичен материјал, а инспирирани се од чорапи.

На модната недела во Париз може да се забележи присуството на виолетовата и розовата боја, но овој флорален модел на чизмички дефинитивно е победник како избор.


Кендал Џенер веќе ги промовираше на улиците на Париз, а модните блогерки пишуваат за нив. Може да ги комбинирате со џинс или мини здолниште. Материјалот од кој се изработени е од спандекс, што значи дека лесно се прилагодува на вашата кожа. Ако сакате да ги имате нивната цена е 500 американски долари.

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
829 пати