Со цел да ја поттикне креативноста и иновативноста кај младите, како и претприемачкиот дух и солидарноста, фондацијата „Елена Лука" во септември отвори Конкурс за изработка на скица за дизајн на матурска креација. Право на учество имаа средношколците од училиштата од цела Македонија.

Со оглед на огромниот интерес што го покажаа младите креативци, и бројните пристигнати скици на адресата на фондацијата, професионалниот тим на Елена Лука одлучи покрај најдобрите тројца што ќе бидат наградени со машини за шиење, да им додели и пофалници и на оние кои што оставија најголем впечаток.

Денеска фондацијата ги објави имињата на најдобрите тројца: Христијан Младеновски од СОУ Перо Наков, Куманово, Дефне Еминовска од СУГС Гимназија Никола Карев, Скопје и Зунка Атанасова од СОУ Никола Карев, Струмица, кои ќе бидат наградени со машини за шиење.

Скица на Христијан Младеновски

Скица на Дефне Еминовска

 

Скица на Зунка Атанасова

 

Исто така, помеѓу најдобрите се издвоија уште неколку ученици кои ќе добијат пофалници како поддршка и стимул за понатамошен развој на нивниот талент: Мартина Димитриоска, Гимназија Мирче Ацев, Прилеп, Азра Хајредини, СОУ Неготино, Врапчиште, Ване Паланков од СОУ Никола Карев, Струмица, Ана Пупоска, ДУЦОР Партенија Зографски, Скопје, Ивана Данова, Гимназија Добри Даскалов, Кавадарци, Марија Видеска, ДСУЛУД Лазар Личеноски, Скопје, Ана Гошева СОУ Никола Карев, Струмица и Ервин Мамути, Чаир, Скопје.

Хуманитарниот аспект на овој конкурс се однесува на тоа што дизајните на скиците на најдобрите тројца ќе бидат изработени во Елена Лука како матурски креации за три матурантки кои се наоѓаат во состојба од социјална потреба.

 Во галеријата погоре ги објавуваме скиците на дизајните кои добија пофалници.

 

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.821 пати