Фото на денот: Шекил О'Нил и Викторија Бекам

13 април 2018

Викторија Бекам вчера се пошегува на своја сметка преку Инстаграм профилот, а со цел да ја најави новата соработка со „Рибок“. 

Имено, таа на фотографиите позира со кошаркарската легенда Шекил О'Нил, кој ќе биде дел од истата соработка. Всушност, Шекил ќе ѝ помогне на Викторија во дизајнирањето на новата колекција за спортскиот бренд.

 

Но, она што всушност веднаш се забележува е разликата во висината. Кошаркарот е висок 216 сантиметри, додека Бекам само 163 сантиметри. Па, дури и качена на кутија, дизајнерката не може да ја надмине разликата меѓу нив, кога е висината во прашање, а која изнесува 53 сантиметри.

Со овие фотографии ги освоија симпатиите на обожавателите, а со тоа и побудија љубопитство за тоа како би изгледал резултатот од нивната соработка. Некои пак, дури сега добија претстава колку Викторија Бекам е всушност ниска.

Инаку, за потсетување, Шекил О'Нил се пензионираше од кошарката пред седум години, но сè уште е еден од омилените спортски личности. Во текот на својата кариера во НБА заработи 280 милиони долари, а највисоко платениот годишен договор со НБА кој успеа да го издејствува е 30 милиони долари. 

Но, тоа што славниот кошаркар се пензионираше, не значи дека сè уште не остварува милионски заработки. Гостувањата на спортски случувања, рекламните кампањи, како и спонзорски договори, носат дури и поголеми суми. 

Сè уште не е познато колку чини оваа соработка со „Рибок“, но штом се веќе дел од неа, значи дека и двајцата се задоволни.

За крај, Бекам и О'Нил беа на гости во емисијата на Џејмс Корден, каде покрај за новата соработка, Викторија Бекам откри дека нејзиното семејство ќе биде дел од кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркал во мај, што направи да биде уште поприсутна во медиумите.

 

 

A post shared by Katie Abel (@katieabelnyc) onApr 12, 2018 at 10:16pm PDT

 

 

 

Објавено:
13 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.083 пати