По неколкумесесчните подготовки, избор и најава, вчеравечер се одржаа првите „UiZ Influencer Awards 2019“.

Во оваа година на изминување, многу се полемизираше околу овој поим и што тој претставува, како и за луѓето кои се занимаваат со оваа работа. Да, во светот ова веќе стана професија од која одлично се заработува.

Трендот се наметна кај нас, а вечерва имавме шанса да дознаеме кои се најдобрите за оваа година кај нас. 

На настанот присуствуваа и голем број познати личности од различни области, меѓу кои и манекенките Викторија Јаначковиќ и Вера Мештеровиќ, потоа Лила Стојановска, која имаше чест да додели една од наградите, младата Елеонора Миљковиќ, сите дами во креација на домашниот бренд Елена Лука, како и Ирена Спировска, Васка Леонтиќ, Марјана Станојковска, Александар Билјановски-Дадар, Билјана Дебарлиева и многу други, кои можете да ги погледнете и во галеријата погоре.

Наградите беа доделени во повеќе категории, како што соопштија домаќините ги избрала жири комисија составена од веќе истакнати домашни ифлуенсери и претставници од агенциите за дигитален маркетинг.

А еве и дел од оние што беа избрани за најдобри:

Health Influencer: Весна Ковевска (@whisper.ves)

Food Influencer: Теодора Георгиевска (@gotvime.so.tea)

Lifestyle Influencer: Елена Ѓоргиевска (@elena_gorgievska_fitlife); Стојан Петрески Симјановски

Fashion Influencer: Никица  Ацева (@nikicaaceva)

Happinees Influencer: Христина Манчева (@_manche)

Travel Influencer: Бојан Гиевски (@gievskibjn)

Beauty Influencer: Ана Франгова

Insta men: Филип Макрадули (@filip.makraduli)

Поради неможноста да се одлучат за еден најдобар, од жири комисијата одлучија да додадат категорија наречена RIsing Stars, за оние кои одлично го користат Инстаграм просторот. Така, во оваа категорија се најдоа дури петтмина: Анастасија Димеска (@dimeska.a), Нинослав Антески (@iamninoslav), Ангела Василевска (@angela.vasilevska.5), Даниел Трбогазов (@mojtrener.mk), Валерија Преспаноска (@valerijaprespanoska).

На крајот, главната награда, Influencer star 2019 ѝ припадна на Стефанија Кржеска (@krzheska).

Инаку, сите наградени се воедно првите членови на influenceragency.mk.

Настанот го водеше Марко Новески, а беше во организација на „Убавина и здравје“ и „Колор медиа плус“.

 А уште неколку фотографии од атмосферата видете во галеријата во продолжение:

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
40.355 пати