По 76. пат во Лос Анџелес завчера беа доделени наградите „Златни глобуси“, кои се доделуваат за филмски и телевизиски остварувања.

Кога е модата во прашање, црвениот килим изобилуваше со шаренило од стилови и бои. Од сигурните црно-бели комбинации, до цветни принтови, можеше да се види речиси се'.

На листата на најдобро облечени се најдоа Никол Кидман, која покажа што значи да си секси, а закопчан до врат,  Џулија Робертс, која носеше фантастичен комбинезон на Стела Мекартни, со асиметричен горен дел. Шарлиз Терон блесна во црно-бела креација на „Диор“, додека Лејди Гага ги собра сите погледи со креација на „Валентино“.

На позитивната листа се најдоа и оставија впечаток и Лупита Нјонго, Хали Бери, Срша Ронсон. 

Од другата страна, на листата на не така добро облечени се најдоа Ех Хатавеј, чиј избор беше креација со животински принт на Ели Сааб, потоа Елизабет Мос, Амбер Хард...

Во галеријата погоре имате можност да ги видимте сите креации од црвениот килим:

 

Кога е официјалниот дел во прашање, многумина сметаат дека овие награди се најава за она што ќе се случува на „Оскарите“, а изгледа дека годинава посведочивме на неколку изненадувања.

И покрај тоа што „Ѕвездата е родена“ беше главен фаворит со шест номинации, сепак освои само една награда и тоа за Најдобра оригинална песна за „Shallow“. Изненади и фактот што Лејди Гага не ја освои наградата за Најдобра актерка во драма, која и' припадна на Глен Клоуз за улогата во „Жена“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 10:45pm PST

Филмовите кои триумфираа завчера вечер беа „Боемска рапсодија“, кој беше прогласен за најдобар филм, а Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури го доби „Златен глобус“ за најдобар актер во драма и „Зелената книга“ - најдобар филм мјузикл/комедија на режисерот Питер Фарели, а за најдобар актер во овој жанр беше прогласен Кристијан Бејл за улогата во „Вајс“ (Заменик), каде го толкува ликот на потпретседателот на САД, Дик Чејни, во времето на владеењето на Џорџ Буш.

Во женска конкуренција, „Златен глобус“ за најдобра улога отиде во рацете на британската актерката Оливија Колман за улогата во филмот „Омилената". Наградата за најдобра споредна машка улога му припадна на актерот Махершала Али за улогата во филмот „Зелената книга", а за најдобра споредна улога наградата отиде кај актерката Реџина Кинг за улогата во филмот „Ако Бил Стрит може да зборува". Наградата пак, за најдобра режија му припадна на мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „ Рим" кој ја освои и наградата во категоријата најдобар странски филм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 10:56pm PST

 

 „Зелената книга"  ja освои и наградата за најдобро сценарио, додека за најдобра музика е награден композиторот Џастин Хурвиц за музиката во филмот „Првиот човек ".

Во категоријата најдобар анимиран филм оваа година наградата ја освои филмот „Човекот пајак: Нов свет".

Наградата за животно дело именувана според режисерот Сесил Б. Де Мил му е доделена на оскаровецот Џеф Бриџис.

Во продолжение погледнете кои се добитниците на „Златен глобус“ во категориите за телевизиски остварувања:

Најдобра тв серија – драма: „Американци"

Најдобра тв серија- комедија: „Методот Комински"

Најдобар актер во драмска серија: Ричард Маден за „Телохранител"

Најдобра актерка во драмска серија: Сандра Ох за „Убивањето на Ева"

Најдобра улога во комедија/ мјузукл за Мајкл Даглас за „Методот Комински"

Најдобра женска улога во комедија / мјузикл за Рејчел Броснахан за серијата „Прекрасната госпоѓа Маисел"

Најдобра мини серија: „Атентатот на Џани Версаче: Американска криминална приказна".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 10:34pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 11:01pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 11:02pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 11:09pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 7, 2019 at 7:41pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes) onJan 6, 2019 at 11:19pm PST

 

 

 

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.192 пати