Фото+Видео: Поставена е најубавата елка во Њујорк!

1 декември 2017

Њујорк е една од омилените дестинации за посета во текот на целата година, но посебно е омилен во зима, во периодот на новогодишната магија.

А таа официјално започна завчера, со поставувањето на елката на Рокфелер центарот на Менхетен.

Елката допатува од Пенсилванија, висока е 23 метри, тешка 12 тони, а украсена со преку 50.000 сијалички. Врвот пак е резервиран за ѕвезда од Сваровски, со 25.000 кристали.

Илјадници луѓе го проследија настанот збогатен со музичка програма, а елката ќе го краси Њујорк до седми јануари.

Инаку, оваа традиција функционира веќе 85 години наназад.

Во исто време, во Вашингтон, претседателот Доналд Трамп со сопругата Меланија и децата присуствуваа на поставувањето на 95-тата елка во близина на Белата куќа. Првата дама и овој пат беше беспрекорна во својата појава, одбирајќи црвен капут „Шанел“ во комбинација со Лубутан чевли.

Коментарите од социјалните мрежи потврдуваат дека атмосферата била одлична, но со многу непополнети места, што веднаш го препишаа на непопуларноста на Доналд Трамп.

Како и да е, семејството во оваа пригода прикажа единство и радост за претстојниот прв Божиќ во Белата куќа.

 

фото извор: nbcnewyork.com; dailymail.co.uk;

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.476 пати