Франција со закон ги забрани преслабите модели

6 април 2015

Овој викенд во Франција беше изгласан новиот закон што забранува појавување на преслаби модели на модните писти или во рамки на модните кампањи.

Благодарение на овој закон, во Франција повеќе нема да смеат да се појавуваат модели што нема да ги задоволуваат нормите донесени со закон.

Имено, сите девојки што ќе бидат ангажирани, ќе мора да имаат не помалку од 54 килограми што ќе соодветствуваат на минималната висина од 175 сантиметри.

Според новиот закон, пред да бидат ангажирани девојките, без разлика дали се работи за ревија или пак модна кампања, ќе мора да се измерат и потоа да прикажат валидна потврда на која е видлив индексот на телесната маса.

За прекршување на законот се предвидува казна од 75.000 евра и можност за затвор во времетраење од шест месеци.

Некои од најголемите модни агенции меѓу кои и Elite и IMG, одбија да ги коментираат новите мерки што се предвидуваат со законот.

Во моментов, околу 30 до 40.000 луѓе во Франција страдаат од анорексија, од кои најмногу тинејџери.

Објавено:
6 април 2015
Категорија: 
Актуел