Франка Соѕани: Сметам дека Инстаграм отиде предалеку

3 ноември 2014

Изминатиов викенд, Дубаи беше дестинација за голем број личности од светската модна елита кои како и минатата година така и оваа се собраа за да го бидат дел новото издание на модниот настан Fashion Dubai Experience кој помина на слектакуларен и крајно гламурозен начин. Во склоп со модниот настан се одржа и дебата на која свое обраќање имаше и модната уредничка на италијанското издание на магазинот Vogue, Франка Соѕани, која во неврзаниот разговор со уредничката на Wallpaper магазинот, откри што мисли за социјалната мрежа Инстаграм и наведе свои причини зошто смета дека Модната недела во Лондон треба да се одвива во пократка временска рамка.

Соѕани,во своето излагање вели дека Дубаи е вистинска дестинација за сите млади таленти и дизајнери кои се во потрага по инвеститори и дека на овој пазар гледа навистина огромен потенцијал, барем кога е модата во прашање.

Што се однесува за првичната тема на разговор: омилената социјална мрежа Инстаграм, Соѕани вели:

„Почна како добра идеја и добар начин преку кои луѓето се поврзуваат едни со други. Меѓутоа сметам дека малку излезе од контрола. На Инстаграм сега ги гледаме сите работи кои луѓето ги поседуваат или ги прават. Што се случува? Ако можеме да се вратиме на почеток во периодот кога Инстаграм тек се пробиваше во морето на социјални мрежи, мислам и тврдам дека работите би биле повторно добри“, кажа модната уредничка.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Актуел