Фустани за летни коктел забави од Оскар де ла Рента

23 мај 2013

Од презентацијата на Оскар де ла Рента не треба да очекуваме некое големо изненадување. Овој дизајнер веќе со години ја негува истата естетика која му го залепи епитетот дизајнер за принцези од Петтата авенија и за сите оние дами кои имаат доволно пари и покани за забавите во Хемптонс.

 

 

Новата ресорт-колекција на Оскар де ла Рента што вчера беше претставена пред мала група на новинари и уредници ја продолжува традицијата на дамски изглед, одмерен крој, раскошен колорит и различни детали кои се карактеристични за овој дизајнер.

 

 

Дневниот дел на колекцијата се базира на елегантни коктел-фустани со цветен принт и пепито-шара на кои има аплицирано тантела. Пеплумот и понатаму е присутен на фустаните и горните делови и совршено се слејува во идеалната силуета на 50-тите години која ја има замислено Оскар де ла Рента. Розевкастиот свилен фустан без раменици е токму едно од тие парчиња кое совршено би се уклопило на црвениот тепих, а би го носела најдрагата негова клиентка, актерката Сара Џесика Паркер.

 

 

Објавено:
23 мај 2013
Категорија: 
Актуел