Фустаните на Дизни принцезите на аукција

14 август 2013

Фустаните на „Disney and Harrods“ инспирирани токму од принцезите на Дизни ќе бидат ставени на акуција. Инаку, фустаните се изработени од познати дизајнери и дизајнерски куќи, вклучувајќи ги Оскар де ла Рента, Версаче и Ели Саб.

Аукцијата ќе се одржи во ноември месец, а парите ќе бидат наменети за добротворни цели.

Секоја од креациите е уникатна интерпретација на најсаканите Дизни принцези, од Аурора и Бела до Пепелашка и Јасмин.

„Овие исклучителни фустани се единствени модни парчиња на дел од најпозатите дизајнери на овој век. Тие предизвикаа големо внимание па дури и возбуда кога првпат се појавија и сигурни сме дека модните колекционери и фанатици ширум светот ќе бидат воодушевени од можноста да поседуваат нешто уникатно“, изјави директорот на Harrods, Марк Бригс.

Погледнете ги фустаните.

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Актуел