Фустаните на Ерве Леже не се за дебели, стари и лезбејки

19 август 2015

Оваа изјава на директорот на модната куќа Ерве Леже, Патрик Кудерк, предизвика големо внимание во светот на модата.

„Ако сте лезбејка и носите тренерки целиот ваш живот, тогаш не сакате да купите фустани од Herve Leger. Лезбејките попрво би биле машкуданки, што ноншалантно се носат“, објаснува понатаму Патрик во интервјуот за Mail on Sunday.

Патрик Кудерк

Тој додаде дека и оние што имаат многу мали гради и истакнати колкови, исто така не треба да носат фустани од овој бренд. Но, не застана тука, туку продолжи со сексистичкиот став:

„Вие жените имате многу проблеми. Ќе дојдете и ќе го облечете фустанот, ќе застанете пред огледало и ќе речете: „Ах, многу сум дебела“. Да, имате вишок на стомакот, но тоа не е катастрофа. Вие нема да забележите дека ви е виснат, а таков е бидејќи имате 55 години, и не треба да покажувате сè како да имате 23 години“.

Тоа предизвика и бројни реакции на социјалните мрежи. „Лезбејка сум, но најмногу од сè сакам да носам фустан. А ти навредуваш“, „Ги носи ли уште некој тие фустани? Здодевни се како и машкото генерализирање“, „Бојкот за овој фустан и бренд“, се само дел од коментарите.

Компанијата BCBG MAXAZRIA Group, што стои зад брендот излезе со официјално соопштение во кое покрај другото соопштува дека челниот човек на брендот се соочил со отказ:

„Коментарите на Патрик Кудерк не го претставуваат ставот и философијата на брендот Herve Leger. Брендот ја слави сензуалноста, гламурот и женственоста, без дискриминација. Господинот Кудерк си даде отказ на позицијата директор и дистрибутер на Herve Leger за Лондон, со што веќе не е дел од нашиот тим. Длабоко жалиме за навредливоста на коментарите на Патрик Кудерк.

Инаку, модниот бренд Herve Leger е основана 1985 година, а на светскиот пазар се прослави благодарение на тесните, bandage фустани. Во 1998 година, француската модна куќа ја купи групацијата BCBG Max Azdira Group, а сопружниците Макс и Љубов Азриа одлучија на брендот да му дадат нов живот.

Објавено:
19 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.906 пати