Фустанот на Џулија Робертс од „Убава жена“ достапен за сите

5 мај 2017

Онлајн продавницата АСОС изгледа ќе има полни раце работа, а сè благодарение на нивната последна соработка.

Тие го искористија враќањето на трендовите од 1990-тите, како и тоа што магазинот „Пипл“ по петти пат ја прогласи Џулија Робертс за најубава жена, па одлучија да го лансираат култниот фустан од филмот „Убава жена“.

Се работи за сино-белата креација која Џулија (односно Вивиен Вард) ја носи на првата средба со Ричард Гир, откако претходно ќе биде исфрлена од еден елтиен бутик, а АСОС ги здружи силите со брендот „Hunza.g“, кој всушност и стои зад оригиналната креација.

Од „Hunza.g“ велат дека освен оригиналната, ќе лансираат неколку верзии – бело-црвено и  бело-црно, кои секако ќе се продаваат на онлајн шопот АСОС, а цената изнесува 215 долари.

 

PRETTY WOMAN DRESS AVAILABLE @asos Comes in BLACK, RED or ROYAL BLUE LINK IN THE BIO #HunzaG #Asos

A post shared by Hunza G (@hunza.g) onApr 28, 2017 at 6:31am PDT

Објавено:
5 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
311 пати