Фустанот на принцезата Шарлот распродаден за само неколку часа!

24 април 2018

Малата принцеза Шарлот заедно со нејзиниот брат и татко го посетија најновиот член на кралското семејство во болницата Сент Мери во Лондон, а таа изгледаше послатко од кога и да е.

За посетата на нејзината мајка и малото братче, принцезата Шарлот носеше цветно фустанче со бела јака комбинирано со темно сино џемперче и црни чевлички.

Истото е дел од колекција на брендот Little Alice чиј сопственик е пријателка на војвотката Кејт, Алис Авенел, со која таа завршила факултет.

Токму ова фустанче за само неколку часа се распродало во сите можни броеви на онлајн страницата на брендот, за што е заслужна малата Шарлот и нејзиниот неверојатен шарм.

Инаку, таа за многу кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи откако на најсладок можен начин ги поздрави фотографите кои чекаа пред болницата.

Бројните коментари велеа дека таа е најслаткото мало девојче што светот го видел, дека таа е следната принцеза Дајана, одлично се справува со славата, ги топи срцата и уште многу други.

Инаку, слатката принцеза Шарлот на 2 – ри мај ќе го прослави својот трети роденден, а два месеци подоцна нејзиното братче, принцот Џорџ ќе наполни четири години.

За посетата на нивното помало братче, малиот принц се појави во куси црни панталончиња, сина кошула и темно син џемпер.

Извор и фото: Дејли Мејл

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.182 пати