Футуристички фолклор во колекцијата на висока мода на Шанел

3 јули 2013

 

Пост-апокалиптичната треска доби нови димензии (летово следат премиери на пет филма за крајот на светот), а заразен е и Карл Лагерфелд. Тој во новата кутур-колекција на Шанел наменета за следната есен претстави парчиња инспирирани од футиризам, но во нив сепак се насетува вечната класика на брендот Шанел и смелите интерпретации на Лагерфелд. За подраматичен ефект, салата во Гранд Пале Лагерфелд создаде сцена на разрушен град со слики од иднината во позадина. Критичарката Кети Хорин на Твитер објави „Театар Шанел – спој на стариот и новиот свет“, а слична беше реакцијата на редакцијата на француски Vogue „Декорот кај Шанел е спој на избледени слики од стариот свет со слики на град на иднината“.  Во однос на облеката, Лагерфелд прикажа изгледи кои би ги опишале како „Што би носела Коко од иднината?“: метализирани ткаенини, строга силуета, фустани со драматични кроеви, сива боја, моден спој на футиризам со метафори на готски стил и коцкести украси за коса од твид кои го заокружуваат конечниот стајлинг. Ревијата ја затвори позната манекенка Ерин Васон, облечена во футуристичка венчална комбинација. Како и секогаш, ревијата на Шанел ја посетија познати личности кои од првиот ред ја следеа новата колекција – Кристен Стјуарт, Ријана, Ванеса Паради, Мајкл Пит, Мила Јовович, девојката на францускиот претседател...

 

Пост-апокалиптична атмосфера Пост-апокалиптична атмосфера

 

Мајкл Пит, Кристен Стјуарт и Роуз Брн во првиот ред Мајкл Пит, Кристен Стјуарт и Роуз Брн во првиот ред

 

Шанел за есен 2013 Шанел за есен 2013

 

Ријана беше гостинка на ревијата Ријана беше гостинка на ревијата

 

Ерин Васон и Карл Лагерфелд на крајот од ревијата Ерин Васон и Карл Лагерфелд на крајот од ревијата

 

 

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Актуел