Гала вечер на Вог во Дубаи

12 октомври 2013

Гламурозно искуство за сите пристурни на ексклузивната вечер која ја организираше планетарно познатиот магазин Вог во една од моментално најлуксузните метрополи во светот, Дубаи.  А меѓу нив најпознатите лица од модната индустрија: Наоми Кембел, Доменико Долче и  Стефано Габана, Донатела Версаче, Мирослава Дума, Каролина Куркова и листат продолжува до недоглед со имиња од истиот калибар.

„Vogue Fashion Dubai Experience“ се одржа вчера вечер во хотелот Армани во Дубаи во луксузна атмосфера, во присуство на највлијателните луѓе од модниот бизнис, како неповторливо искуство и прв настан од ваков тип кој Вог го организирал на Блискиот Исток чија основна цел беше промоција на образованието во земјите во развој.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Актуел