Генетика Крафорд: каква мајка, таква ќерка

20 ноември 2014

Како  ќерка на познатиот супер модел Синди Крафорд, за неа неминовно е барем еднаш во животот да се појави во улога на модел. Тоа и се случи и на 13 – годишната Каја Гербер, која ја е дел од новата фотосесија на магазинот за тинејџери Teen Vogue.

Шармантна Каја, постојано е во друштво на својата мајка и е редовен посетител на познати модни настани. Она што е мошне интересно е дека уште од првото јавно појавување на Каја, која според коментарите на многумина е вистинска копија на нејзината мајка Синди Крафорд,  постојано е под лупата на голем број модни извидници и агенти кои сакаат да биде дел од нивните агенции. Сепак, ова не е првото модно појавување на Каја. Имено, таа на 10 – годишна возраст го потпиша својот прв договор со модната куќа Версаче и се појави во рекламната кампања за Young Versace.

Во своето кратко интервју за списанието, младата Каја вели дека сè уште не знае дали ќе тргне по стапките на својата мајка.

„Таа знае толку многу за тој свет. Мислам дека мама би била пресреќна доколку станам модел, бидејќи е навикната кога сме на сет постојано да ми довикува и да ми посочува на грешките, што е навистина смешно“, вели слатката Каја.

Она што ја фасцинира Каја е Холивуд, многу повеќе од манекенството и специјално во интервјуто за магазинот открива дека е активен учесник во аудиции за нови филмски остварувања.

„Ми се допаѓаат локалните продукции многу. Меѓутоа многу сакам да истражувам и надвор од Лос Анџелес. Сакам да се обидам на филм, бидејќи сметам дека кога човек ќе облече туѓи чевли, подобро ќе ги разбере другите, но и себе“, вели на крајот Каја која исто така обожава да танцува и да спортува.

 

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Актуел