Гламурозно и смело издание на Дакота Џонсон во Милано

26 септември 2017

Во рамки на Миланската модна недела, која се заврши неодамна, беа одржани и традиционалните Модни награди, настан претпознатлив по зелениот килим.

На него присуствуваа голем број познати личности, од Ана Винтур, до Амбер Валета, но најмногу внимание привлече младата Дакота Џонсон.

Актерката пристигна во друштво на дизајнерот Алесандро Микеле, чија креација и носеше, а за која зборуваат сите светски мегазини.

Ѕвездата на „50 нијанси на сива“ носеше раскошен долг фустан, направен од осум слоја тул. На половината и по должината на здолништето е украсен со ленти од дијаманти.

Посебно внимание привлече горниот дел, кој исто така е изработен од тул и украсен со дијамантски ленти, но делот кај градите е покриен со тул во беж нијанса и апликации во форма на цветови, исто така доукрасени со светлуцави и скапоцени елементи.

Модните стручњаци велат дека актерката не изгледала никогаш подобро, додека „обичните“ граѓани велат дека иако смел избор, 27-годишната Дакота одлично знае да го носи.

Црни сандали со ремче, пуштена коса и дискретна шминка го надополнуваат комплетниот стајлинг на Џонсон.

Како вам ви се допаѓа ова нејзино издание?

 

фото извор: fashionista.com; celebmafia.com; twiter.com;

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
561 пати