Голема заинтересираност за попустот на Елена Лука во Сити Мол

7 јуни 2014

Модната куќа Елена Лука викендов ги израдува своите обожаватели со специјална распродажба и попуст до дури 70 проценти во нивниот салон во трговскиот центар Сити Мол.

Денеска можеа да се видат голем број  девојки кои најмногу беа заинтересирани за свечените фустани по кои, како што велат, ја препознаваат работата на модната куќа.

Од продажниот тим на Елена Лука се сосема задоволни од досегашната продажба, како и во однос на фрекфентноста и заинтересираноста.

„Попустот од 70 проценти започна вчера (петок), а ќе трае сѐ до недела вечер, со можност за продолжување.  Драго ни е што голем број на луѓе дознале за нашата распродажба  и дошле да се уверат во тоа и да си одберат некое парче за себе. Најмногу се заинтересирани, односно најмногу бараат свечени фустани за различни пригоди, а такви ги има многу периодов. Девојките сакаат и да комбинираат, па така избираат и комбинации од здолништа со кошули, панталони со маички... Изборот во Елена Лука е секогаш богат не само во однос на облека за различни пригоди, туку и во однос на парчиња кои се вклопуваат во различни стилови“, велат од продажниот тим на модната куќа Елена Лука во Сити Мол и посочуваат дека попустот начелно ќе трае до утревечер, но секако, има можност да се продолжи.

Клиентите сосема задоволни од распродажбата, посочуваат дека модната куќа треба почесто да прави вакви распродажби, бидејќи секогаш има голем интерес за истите. Тие најчесто бараат парчиња за себе, но една девојка овој пат беше само придружба во потрагата по совршениот фустан за значаен настан.

„Денеска не купувам за себе, туку сум во придружба и во потрага по фустан за свеченост што многу брзо ни следи. Ги знам парчињата и колекциите на модната куќа Елена Лука и знаев дека денеска има попуст, па токму поради тоа и дојдовме тука. Бараме фустан за свечена пригода, конкретно за веридба. Редовно ја следам нивната работа, и знам дека секогаш имаат убави фустани и секако, знам дека тука и ќе го најдеме она што го бараме“, вели една клиентка на модната куќа.

Друга девојка пак, не можеше да ја скрие радоста кога дозна дека некои од омилените парчиња од колекциите на модната куќа, сега може да ги добие за неверојатно ниски цени.

„Попустот е навистина одличен. Некои парчиња имаат навистина супер цени, цени што секој може да си ги дозволи. Јас денеска немам некоја особена пригода за која барам парчиња, туку едноставно сакам да имам некои од нив во мојот плакар, па денеска ја имам и вистинската можност за тоа. Си купив панталони и  здолниште за кои знам дека ќе ги носам долго време, бидејќи се со одличен квалитет, а и пред сѐ, тие се безвременски“, вели една девојка која дома си замина со внимателно одбрани парчиња од модната куќа.

Доколку сѐ уште немавте време и можност да го посетите салонот на Елена Лука во Сити Мол, за тоа имате можност денеска попладне и утре во текот на целиот ден. Токму таму, ќе го најдете она за што секоја жена сонува, а овој пат и по неверојатно ниски цени на парчиња со висок квалитет. Оваа недела, одвојте време само за вас и разгалете се себеси со уникатно парче од Елена Лука, специјално создадено за вистинските дами!

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Актуел