Атрактивната кампања со пет прекрасни голи дами го најави годинешното издание на Модната недела во Загреб што ќе се одржи од 7. – 9. Мај и на истиот ќе има вкупно 25 ревии.
Во Хипо Центарот во Загреб свои колекции ќе претстават најдобрите хрватски дизајнери, но и бројни светски имиња од модата.
Ѕвезди на годинешната кампања се прекрасните Ива Катрапели, Ана Марија Стишчак, Петра Фрковиќ, Рахела Бариќ и Лана Кудуз кои за постерот ги фотографираше Горан Матијашек, а со своите прекрасни тела девојките ја објаснуваат поентата на целата кампања – ставање на акцент на облеката што ќе биде прикажана од различни дизајнери.
„Целата идеја на кампањата е да се стави акцент на колекциите на дизајнерите што ќе можеме да ги видиме на годинешната Модна недела. Со нивните голи тела сакаме да го насочиме вниманието на јавноста кон она што истите тие девојки ќе го носат во текот на Модната недела“, изјави директорката на Модната недела во Загреб, Сара Јосиповиќ.