Говорот на Крис Рок за кој сите зборуваат

29 февруари 2016

Воведниот говор на домаќинот на годинешното издание на „Оскарите“, Крис Рок, е едно од главните нешта за кои се зборува утрото потоа. Во фокусот е расизмот и поделбата на „бели“ и „црни“ што владее во Холивуд, како и бојкотот на Оскарите поради изоставувањето на Афроамериканците од номинации две години по ред.

Во продолжение ви го пренесуваме говорот во пишана и видео форма:

„Луѓе, јас избројав најмалку 15 црнци што работат на монтажа. Еве ме, на „Оскарите“, попознати како „White People’s Choise Awards“. Ако постоеја номинации за водител, јас немаше ни да ја добијам работата. Па, сите сега ќе го гледавте Нил Патрик Харис.

Но, ова се најлудите и возбудливи „Оскари“ што можете да ги водите, затоа што се полни со контроверзии. Не, нема номинирани црнци, и луѓето ми велат: „Крис, треба да ги бојкотираш. Крис треба да се откажеш. Треба да дадеш отказ!“.

Како тоа само невработени луѓе ти зборуваат да дадеш отказ од нешто? Никој со работа не ти вели да дадеш отказ.

Па, јас размислував за отказот. Навистина длабоко размислував. Но, сфатив дека „Оскарите“ секако ќе се одржат. Нема да ги откажат бидејќи јас ќе дадам отказ. А последно нешто што ми треба е да изгубам и да му дадам уште една работа на Кевин Харт!

Кевин Харт

Не ми треба тоа. Кев прави филмови и тоа често и бргу. Секој месец. Порно ѕвездите не прават толку често филмови.

Е сега, работата е, зошто протестираме? Уште поголемо прашање е: Зошто токму овие „Оскари“?

Ова е 88-мо издание на „Оскари“, што значи дека овие номинации без црнци се случиле најмалку уште 71 пат. Мора да сфатите дека тоа се случи во 1950-тите, во 1960-тите, сигурен сум дека во овие години немаше номинирани црнци. Но, да речеме во 1962/3 година, црнците не протестираа.

Зошто? Затоа што имавме вистински нешта против кои протестиравме. Бевме премногу зафатени со тоа да сме силувани, линчувани за да се грижиме за тоа кој ја добил наградата за најдобар снимател.

Кога баба ти виси на дрво, навистина е тешко да размислуваш за најдобар документарец од странско потекло.

Но, што се случи годинава? Што се случи? Луѓето полудеа. Спајк се налути и Џејда и Вил. Сите полудеа, се налутија.

Џејда и Вил Смит

Џејда се налути? Џејда рече дека нема да дојде, протестира. Си помислив, нели има емисија со неа?

Таа ги бојкотира Оскарите -  Да ги бојкотира Џејда „Оскарите“ е како јас да ги бојкотирам гаќичките на Ријана. Не бев поканет.

О, таа непокана, ќе морам да ја одбијам.

Но, разбирам, не „хејтам“. Разбирам дека си лута. Џејда е лута затоа што нејзиниот Вил не е номиниран за „Concussion“. Сфатив, сфатив.

Не е фер што Вил кој што беше толку добар, да не биде номиниран. Да, ок, во право си. Но, исто така, не е фер што на Вил му беа платени 20 милиони долари за „Wild Wild Wes“.

На годинешниве Оскари, работите ќе бидат малку поинакви. Оваа година во категоријата In Memoriam, ќе бидат само црнци што беа застрелани од полицајците, на патот до нивните филмови.

Ете, реков.

Хеј, ако сакате секоја година црнците да бидат номинирани, тогаш ви требаат само „црни“ категории. Тоа веќе го правите со мажите и жените. Размислете: нема веќе да има потреба од машки и женски категории за актери.

Не морате да ги раздвојувате. Знаете, Роберт Де Ниро никогаш не рече: „Подобро да успорам со глумењево, за да може Мерил Стрип да земе нешто“.

Ако сакате црнците да бидат присутни секоја година на Оскарите, само воведете „црни“ категроии, како Најдобар црн пријател. „И победникот, 18-та година по ред е Ванда Сајкс. Ова е 18-тиот црн оскар на Ванда“.

Но, вистинското прашање, што секој сака да го знае е: Дали Холивуд е расистички расположен?

За да се одговори на тоа, мора да се оди во вистинска насока.

Тоа е поинаков тип на расизам. Се сеќавам, еднаш бев на вечер за собирање средства за претседателот Обама. Повеќето од вас исто така беа таму. И јас бев и цел Холивуд.

И сите од нас беа таму, црни луѓе: јас, Квинси Џонс, Расел Симонс и сите црни актери што не работеа.

Нема потреба да се нагласува дека Кевин Харт не беше. Во еден момент, треба да се сликаш со претседателот, да го добиеш својот момент со него.

И му велам: „Господине претседателе, ги гледате сите овие писатели, продуценти, актери? Тие не вработуваат црнци, а тие се најфините, бели луѓе на земјава. Тие се либерали! На здравје!“

Да, Холивуд е расистички расположен, но не на начин на кој што вие сте навикнале.

Туку како во „сестринство“ – „Ни се допаѓаш Ронда, но не си Капа“. Е таков е Холивуд.

Но, работите се менуваат.

Имаме црн Роки годинава. Некои луѓе го викаат „Creed“, но јас го викам „Црн Роки“.

И тоа е големо нешто, неверојатно. Мислам, бидејќи „Роки“ зазема место во свет каде што белите атлетичари се добри колку што се и црните. „Роки“ е научно-фантастичен филм. Постојат нешто во „Star Wars“ што се поверојатни отколку оние што се случуваат во „Роки“.

Но, ние сме овде да оддадеме почит на актерите и на филмовите. Но, постојат пропусти, големи пропусти. Една од најголемите за што никој не зборува е, мојот омилен актер, Пал Џиамати.

Верувам дека Пал Џиамати е најдобриот актер во светот. Мислете на тоа што тој го направи во последниве неколку години.

Минатата година беше во „12 years a slave“- како ги мрази црните луѓе. Оваа година во „Straight Оutta Compton“ – ги сака црнците.

Тоа е таа големина. Бен Афлек не го може тоа.

Она што сакам да го кажам, не се работи за бојкотирање на било што. Ние само сакаме можност. Сакаме црните актери да ги имаат истите можности како и белите.

Тоа е тоа. Не само еднаш. Лео секоја година добива одлична улога. Сите вие добивате одлични улоги постојано.

Но, што е со црните актери?

Погледнете го Џејми Фокс. Тој е еден од најдобрите актери во светот. Џејми Фокс беше толку добар во „Ray“, што отидоа во болница и го исклучија вистинскиот Реј Чарлс. Нешто во стилот: „Не ни требаат двајца вакви!“.

Не е се во расата. Друга голема работа вечерва е – некој ми рече – дека не смееш веќе да ги прашуваш жените што носат. Прашај ги нешто повеќе, како што тоа го правиш со мажите  на пример.

Не е сè сексизам и не е сè расизам.

Мажите повеќе ги прашуваат, затоа што сите мажи носат иста облека. Секој од нив овде носи иста работа.

Да се појавеше Џорџ Клуни во зелено одело, со лебед на задникот, сите ќе го прашаа: „Што носиш Џорџ?“.

Добредојдовте на 88-мото издание на Оскарите.

Сакате разноликост? Ние имаме разноликост“.

 

Објавено:
29 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.848 пати