„GQ“ направи пародија на насловната на „Vanity Fair“ со трета нога

18 мај 2018

„Грешки се направени“, вака гласи текстот на уредништвото на магазинот „GQ“ на новото годишно издание посветено на комедијата. 

А текстот е во контекст со насловната страна, на која се комичарките Кејт Мекинон, Иса Реј и Сара Силверман, а со помош на кои е направена пародија на холивудското издание на „Vanity Fair“, кое се најде на удар на јавноста поради фото-шоп грешки.

За потсетување, Опра Винфри имаше трета рака, а Рис Витерспун уште една нога. „GQ“ очигледно сè уште не ја прости ваквата грешка на магазинот, па на насловната страна има раце и нозе на сите страни.

Но, она што всушност е уште поинтересно што „GQ“ и „Vanity Fair“ се дел од иста издавачка куќа - Conde Nast, па оттаму и изненадувањето е поголемо. Како пренесуваат светските медиуми, тимот на „Vanity Fair“ воопшто не е среќен поради ваквиот чекор на колегите, а особено бидејќи никој не ги известил или предупредил дека вакво нешто се подготвува, иако можеби се очекува бидејќи припаѓаат сепак на исто медиумско семејство.

Во продолжение прочитајте го и воведникот на магазинот, во кој од „GQ“  до крај останаа доследни на пародијата:

„GQ им се извинува на Кејт Мекинон, Иса Реј и Сара Силверман за острите грешки направени при создавањето на нашата насловна за нашето „Comedy Issue 2018“ издание. Нашата намера беше да ги славиме трите супер-смешни ѕвезди, кои покрај тоа се и паметни и перцептивни и толку неопходни во комедијата во моментов. Изразуваме длабоко жалење што резултатите ги повредија строгите стандарди на совршеност на редакцијата на „GQ“ и законите на природата.

За да ве увериме дека грешките од овој размер нема да се случат повторно, „GQ“ ќе спроведе темелна внатрешна ревизија на процесот на креирање на насловните страници. За да ја покажеме нашата посветеност во конктест на транспарентноста, резултатите од ревизијата ќе ги објавиме тивко, во рок од 17 месеци, на Medium.

Следната недела, посетете нè на gq.com и прочитајте ги текстовите за нашите талентирани (и двораки) ѕвезди од насловната. Во меѓувреме, се молиме во следниот час, Доналд Трамп да „твитне“ нешто за Криси Тиген, па сите ќе заборават на нас“.

ГЛавниот и одговорен уредник на магазинот, Џим Нелсон, изјави дека уводникот и фотографијата се само шега и почит кон пародијата. Тој се надева дека успеале да предизвикаат насмевка кај публиката, а воедно да ги инспирираат нивните колеги од „Vanity Fair“.

„Се надевам дека следниот моден едиторијал на „Vanity Fair“ ќе биде со мажи што скокаат во костуми - изјави Нелсон.

Реакциите на социјалните мрежи се позитивни, а каква ќе биде и дали ќе има воопшто официјална реакција на „Vanity Fair“ останува да видиме.

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
588 пати