Грција го одби „Гучи“

17 февруари 2017

Италијанскиот бренд „Гучи“ неодамна поднесе барање до грчкото Министерство за култура ова лето да одржи шоу во Акрополот во Атина, кое беше одбиено.

Министерката за култура Лидија Кониордоу ијзави за локалните медиуми дека, барањето било одбиено во вторникот и дека за тоа воопшто немало никакви двоумења.

-Имаме должност да ја браниме важноста на ова културно наследство, како глобален симбол на демократија и слобода – вели Кониодроу во изјавата.

Во медиумите се зборува дека понудата од модната куќа да одржи таму шоу на 1-ви јуни годинава, изнесувала 2 милиони долари, кои би биле искористени за реставрација на Акрополот или било која друга намена. Имајќи предвид дека брендот одвојува по 30 милиони евра на реклами или 50 милиони евра на телевизиско емитување, оваа понуда за нив не претставувала никаков проблем.

Тимот на „Гучи“ сакал да постави писта пред Партенонот, како и гостите (чија бројка би изнесувала 300, а би присуствувале модни уредници, холивудски актери и грчки уметници) да ги смести на „скриениот пат“.  Моделите би се шминкале и пресоблекувале во шатор со димензии 15х17 метри, поставен до храмот Ерехтеон. Меѓу барањата била и дозвола за лиценца целото шоу да биде снимано.

И грчките дизајнери остро реагирале на ваквото барање. Својот став го споделиле со тамошната јавност.

„Споменикот е полн со симболика и тоа на глобално ниво и не дозволува промоција на било кој моден дизајнер, а и не му е потребна реклама за поголем број посетители“, се вели во соопштението.

Дел од граѓаните во Грција не се согласуваат со тоа, особено бидејќи „државата има потреба од финансиски прилив, и помоцијата на Акрополот ширум светот ќе биде само добредојдена“.

Инаку, Акрополот е под заштита на УНЕСКО и користењата на овој културен споменик многу ретко се одобруваат.

Последен пат беше дадена дозвола во 2014 година, за потребите на снимањето на филмот „The Two Faces of January“ со Виго Мортенсен и Кирстен Данст.

Претходно, во 2008 година таму се одвиваше приватна фото-сесија со Џенифер Лопез, а фотографиите можете да ги погледнете во продолжение:

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
647 пати