„Гучи“ го одбра Том Хидлстон за новата кампања

27 септември 2016

Британскиот актер Том Хидлстон, кој го гледавме во одличната серија „Ноќниот рецепционист“ (The Night Manager), а кого сепак, повеќето го знаат како поранешното момче на Тејлор Свифт, сега прифати нов предизвик.

Тимот на модната куќа „Гучи“ одлучи дека тој одлично би се вклопил во нивната најнова кампања, а актерот се согласи, иако можеби очекувавме „Барбери“ да го повикаат први.

Резултатот од соработката се фотографиите во продолжение. Се работи за кампањата за машката ресорт колекција на брендот за пролет-лето 2017. Британецот му позираше на Глен Лучфорд, кој се потпишува зад фотографиите. Изгледа, Британците се создадени за одела.

Објавено:
27 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
353 пати