Гугл: Најпребаруваното модно прашање за 2015 е...

19 декември 2015

Во периодов на сумирање на впечатоците од годината на изминување, „Гугл“ ја објави својата листа на пребарување насловена како Year in Search. Од познати личности, преку гифови, до домашни миленици, „Гугл“ ги сортираше 10-те најбарани личности, поими, прашања итн. во различни категории.

Кога е модата во прашање, во категоријата за најпребарувани прашања од оваа област, листата е прилично бизарна. На првото место е прашањето „Како се носат високи потпетици?“, кое е секогаш актуелно.

Останатите погледнете ги во продолжение:

2. Што да облечам за првиот училишен ден?

3. Како да избледам/искинам фармерки?

4. Како да се врзе кошулата?

5. Што треба да носи невестата на пробната вечера?

6. Со што се комбинираат чизми?

7. Што се „кломпи“?

8. Што да облечам на венчавка во шума?

9. Како да се облечам како Миранда Сингс?

10. Која боја чевли соодветствува со црно-син фустан?

Во категоријата дизајнери, најпребаруваниот е Раф Симонс, поради неговото заминување од „Диор". На второто место е Шошана Лонштајн Грус (која во јавноста се проби како 17-годишната девојка која се забавува со многу години постариот Џери Сејнфилд), додека на третото е дизајнерот Џамбатиста Вали.

Раф Симонс

Меѓу првите десет во оваа категорија се и Такун, Тадаши Шоџи, Ели Сааб, Карл Лагерфелд, Кристијан Лакроа, Зухаир Мурад и Томи Хилфигер.

Објавено:
19 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.856 пати