Гугл: Ова се најпребаруваните модни термини

16 декември 2014

google

Во периодот од годината кога сите прават сумирања на тоа што сè се случувало во изминативе 12 месеци, Гугл објави листа на најпребаруваните термини, односно настани, имиња...

Кога е модата во прашање, луѓето ширум светот во 2014-та најмногу ги интересирало:

-како да носат шал/марама,

-што да облечат за на интервју, првиот состанок, свадба, концерт,

-со што да ги комбинираат чизмите.

Во категоријата моден дизајнер, најпребарувано е името на 19-годишниот блогер Бетани Мота, по што следат Кејт Спејд, Оскар де ла Рента, Рејчел Рој, Александар Ванг, па дури и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс.

edith-head-google-w724

Кога се пак познатите ѕвезди во прашање, а сепак во моден контекст, најмногу пати биле пребарувани Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Трејси Морган, Иги Азалеа, Рене Зелвигер и Доналд Стерлинг.

Фразата „црвен килим“ е често „гуглана“ до Ријана, Лорде, Соланж Ноулс, Мадона, Фарел Вилијамс.

Што ве интересираше вас најмногу оваа година, кога е модата во прашање.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Актуел