Гумените сандали од нашето детство ги редизајнираше Гучи

11 мај 2018

Колку што може да биде возбудлива и инвентивна, модата исто толку може да биде апсурдна и бизарна.
Сигурно се сеќавате на гумените сандали од нашето детство што обичнo ги носевме на камените или песочните плажи. Не ни беа особено омилени поради и не толку привлечниот дизајн, но беа едни од најпродаваните поради нивната практична улога.

Деценинии потоа, Гучи во својата актуелна летна линија повторно го актуелизираше овој тип на сандали, се разбира редизајнирани и со логото на брендот, што предизвика лавина рекации и коментари особено во балканските земји, каде многумина го препознаа овој познат модел од минатото.

И ако некогаш ги купувавме на пазарче, за скромна сума, сега оваа Гучи верзија чини околу 500 евра.

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.355 пати