Гвинет Палтроу се сликаше гола и предизвика вознемирување

12 септември 2019

На инстаграм профилот на брендот на Гвинет Платроу, Goop, вчера осамна фотографија која предизвика многу реакции.

На фотографијата е гола жена, свртена со грб, а под фотографијата стои објаснување дека треба да го слушаме телото кое најдобро ќе ни каже како да се ослободиме од сопствените предрасуди:

„Се лажеме себеси за добри и лоши причини, за себе-заштита и себе-саботажа (кои често се едно те исто). Но, зошто?“, 

Никаде не пишува дека на фотографијата е Гвинет Палтроу, но во светските медиуми се појави вест дека актерката и сопственик на брендот е жената што позира.

„Храбро“. „Ја сакам оваа фотографија“, „За сите што не им се допаѓа, ова е славење на женската убавина“. „Дали е ова млада или возрасна жена?“, „Гвинет ли е на фотографијата?“, „Моќно!“... се некои од коментарите.

Но, додека на едни им се допаѓа што не е потенцирано кој е на фотографијата, со објаснување дека укажува на универзалноста и дека таа жена може да биде било која и гледаат уметност во прикажувањето на женското тело, многумина фотографијата ја најдоа вознемирувачка и одбивна:

„Ѝ се гледаат ребрата, ова е грдо“, „Често го правите ова погрешно Goop“, „Зошто секогаш земате модели умрени за јадење“, „Сериозно грда фотографија“, „Не го сфаќам ова и не морав ни да го видам“, „Што е ова побогу, каква е оваа фотографија“ се само дел од оние на кои не им се допаѓа пораката.

Преку 10.000 допаѓања има фотографијата која побуди вистинска дебата меѓу следбениците на брендот. 

Од куќата за сега немаат коментар околу фамата што се крена, како ни дали целта била токму тоа.

Што мислите вие?

Лоша фотографија со лоша порака или фотографија што праќа порака за прифаќање на телото и ослободување од предрасудите?

Објавено:
12 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.630 пати