Гвинет Палтроу: Тебе подобро ти стои!

20 август 2019

Нема кој не се сеќава на Гвинет Палтроу во за неа, значајната 1999 година, на Оскарите. Актерката тогаш доби „Оскар“ за улогата во „Вљубениот Шекспир“, а остана запаметена и по легендарната креација на Ралф Лорен во розова боја.

Дваесет години подоцна, истата креација ја носи познатиот модел, Карен Елсон и во неа ја краси насловната страна на септемвриското издание на „Инстајл“ магазинот, а која своето воодушевување го искажа и преку социјалните мрежи:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Karen Elson (@misskarenelson) onAug 7, 2019 at 5:37am PDT

 „Понекогаш работиш фото-сесија што е толку посебна за тебе, што мораш да се „штипнеш“ за да се вратиш во реалноста. Го имав задоволството да носам култни фустани од црвениот килим низ годините, носени од жени на која длабоко им се восхитувам - како оваа убавица во розов фустан носен од блескавата Гвинет Палтроу, создаден од Ралф Лорен, кој го носеше на Оскарите во 1999 година кога ѝ го доби „Оскарот“ за „Вљубениот Шекспир“. Целата приказна е магична. Ви благодарам Себастина Фаена, Јулиа фон Боем и Лара Брун што направивте ова да се случи и на сите што беа дел од ова, а посебно секако, на актерката и дизајнерите што ни дозволија да ги носам овие прекрасни стајлинзи, кои допрва ќе следат!“.

Неочекувано, свој одговор на ова имаше и актерката која под објавата ѝ коментираше: „Тебе подобро ти стои!“, а за што доби позитивни реакции на социјалната мрежа.

Што мислите вие, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.749 пати