Хали Бери дизајнираше колекција долна облека

24 октомври 2014

Се чини дека на Хали Бери бракот со францускиот актер Оливие Мартинез не само што и годи, туку и ја инспирира. Франција како земја и убавината на француските жена беа стимул плус за креативната фантазија на оскаровката. Црномурестата актерка реши да дизајнира колекција на долна облека насловена Scandale, која ќе биде поинаква од сите други до сега.

Имено, Бери во Париз имала можност да се запознае со 80 – годишниот дизајнер на долна облека Роберт Периер кој има работено со La Perla и Викторија Сикрет, па реши неговото искуство и знаење да го спои со нејзината идеја. Актерката исто така одлучи линијата да биде достапна за сите дами, со цени кои соодветствуваат на сечиј џеб и можности. Целта е и оние кои не можат да си дозволат да носат квалитетни градници сега да можат да го сторат тоа. Колекцијата, Хали ја дизајнира во соработка со модниот бренд Таргет и треба да излезе во официјална продажба во понеделник на 27-ми октомври, а ќе вклучува десетина парчиња на различни модели градници за големи и мали гради, гаќи со висок струк, женски боксерки и бразилски модели на гаќи.

„Кога ќе успеете да ги споите квалитетот, одличниот дизајн и поволните цени во едно парче, тогаш секоја жена ќе може да се пофали со одлична колекција на долна облека во која ќе се чувствува, удобно, посакувано и секси. Големините се мошне флексибилни и ги таргетираат буквално сите жени тие почнуваат од XS па до XXL. Цените варираат од 7 долари за долна облека, до 18 долари за градник. Целта ми беше на секоја жена да и овозможам да си направи луксузна и секси колекција на долна облека“, вели Бери во своето официјално обраќање до медиумите.

Актерката која вели дека градник носи дури и кога спие, додава дека нејзините навики во однос на изборот на долна облека не се смениле и покрај фактот што е мајка.

„Да се биде бремена и мајка, не значи дека не треба да изгледате убаво и привлечно. Стојам зад тоа дека секоја жена треба да инвестира во убава и квалитетна долна облека“, додава оскаровката.

Таа на крајот од своето официјално обраќање до медиумите рече дека многу и се допаднал ваквиот процес на работа па би сакала да се проба и во други сфери особено од областа на дизајнот и модата.

„Можеби моја следна колекција ќе бидат некои „откачени“ модели на очилата за сонце. Имам толку многу идеи во мене. Дозволете да ве изненадам“, низ смеа одговара Бери.

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Актуел