Хари и Меган споделија прекрасна фотографија од синчето Арчи

17 јуни 2019

Принцот Хари и војвотката Меган викендов споделија преслатка фотографија од нивното синче со која го честитаа Денот на татковците.

На фотографијата што тие ја споделија на нивниот официјален Инстаграм профил, можеме да го видиме малиот Арчи кој се роди пред шест недели како го држи прстот на неговиот татко Хари на кој јасно му се гледа венчалниот прстен.

Фотографијата беше објавена откако двојката и официјално информираше дека крштевката на малиот Арчи ќе се одржи следниот месец во катедралата во која неговите родители се венчаа.

Ова е прва официјална фотографија од Арчи, откако му беше претставен на светот само неколку дена по неговото раѓање. Обожавателите на кралското семејство се во исчекување на неговата крштевка следниот месец кога ќе можат и подобро да видат на кого наликува малото бебенце.

Во истата катедрала се крстени и неговиот татко Хари и Вилијам, а на крштевката на Арчи се очекува да пристигнат многу познати ликови, пријатели на двојката од Сасекс.

Сè уште не е познато кои ќе бидат кумови на малиот Арчи, иако има огромен број кандидати во трката. Се шпекулира дека тоа може да биде некој од познатите заеднички пријатели на двојката, но и лични пријатели на војвотката или принцот како Серена Вилијамс, Џесика Мулрони, пријателот на принцот Чарлс, Марк Дајер, или пак братучедите на Хари, Мајк и Зара Тиндал.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
958 пати