Хари Стајлс е згодно момче за Гучи

5 јуни 2018

Веројатно знаете дека Хари Стајлс е момче кое обожава костими и шик комбинации, па воопшто не е чудно што модниот бренд Гучи го најми како заштитно лице за новата кампања.

Не постои парче што ова момче не може да го износи, па така на едиторијалот можеме да го видиме во колоритни костими украсени со цвеќиња и разни украси, комбинирани со карирани и кошули со принт.

И претходно, поранешниот вокал на групата One Direction ја има искажано неговата љубов кон брендот, а сега се чини дека истата била взаемна.

Едиторијалот е направен во Лондон, а пејачот можеме да го видиме во друштво на слатки животни меѓу кои и кучиња и кокошки.

На едната од фотографиите пејачот носи класичен машки костим составен од три парчиња, дизајниран од одличниот Алесандро Микеле, украсен со зелено пончо со амблем и патики од брендот.

На другата фотографија, Стајлс е облечен во темно син костим кој во предниот дел е украсен со впечатливи додатоци и карирана кошула одоздола.

Последната фотографија го прикажува згодното момче во стилски костим со принт, комбиниран со бело – сина кошула со пруги, вратоврска, чорапи и сандали и впечатлив Гучи брош во горниот дел.

Погледнете ги сите фотографии во галеријата и одличните парчиња од брендот.

Извор: Elle

Фото: Инстаграм

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
237 пати