Харизматичната Марина Абрамовиќ на насловната на украински Вог

18 јули 2014

Модниот фотограф Душан Рељин ја овековечи познатата српска уметница Марина Амбрамовиќ на насловната на августовскиот број на украински Вог.

Харизматичната Марина на насловната на Вог позира заедно со прекрасната американска манекенка и авторка Кристал Рен.

Додека Марина на насловната носи креација со потпис на Живанши, Кристал Рен позира во интересна креација на Јулија Јефимчук, а стајлингот го потпишува Анастасиа Марано.

Креативната Марина Абрамовиќ (67) е родена во Србија, а живее и работи во Њујорк. Покрај тоа што е одлична уметница, таа е позната и по неверојатните перформанси со кои постојано ги изненадува нејзините обожаватели.

Таа е многу обожувана и од голем број американски артисти, меѓу кои и Лејди Гага со која направи и одличен проект во кој пејачката се фотографираше гола за да соберат средства за Институтот на Абрамовиќ.

Последниот проект на одличната уметница е соработката со брендот Адидас со кој треба да создадат 3 – минутен краток филм во кој се слави моќта на тимската работа и во истиот се истражува споредбата помеѓу спортот и уметноста.

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Актуел