H&M ја лансираше својата прва венчаница

27 јануари 2014

Сите ние сме големи фанови на уличните брендови, кога станува збор за комбинирање на секојдневните модни изгледи. Но, прашањето е дали  би им ја дале довербата кога е изборот на венчаница во прашање. Модната етикета H & M реши да одговори на предизвикот и ја лансираше својата прва венчаница која не само што изгледа неверојатно, туку е изработена од еколошки материјал кој не чини многу и затоа се рангираше на листата на најевтина венчаница која досега е креирана.

Имаше временски периоди кога венчаниците мораа да бидат со дизајнерски потпис, наменски или во винтиџ стил. Затоа, H & M го создадоа својот прв невестински фустан, кој е направен од органски материјали, безбедни за природата. Моделот на венчаницата е целосно во грчки стил, делот околу вратот и деколтето е декориран со рачен вез, додека корсетираниот дел е набран, стегнат на половината и лелеаво паѓа надолу. Овој дизајн е дел од нивната колекција пролет-лето 2014 насловена „Conscious“.

 

 

Претстојните две колекции „Conscious“ и „Conscious Exclusive“ се дел од обидот на H&M да креира модни парчиња кои се изработени од природни материјали како органски памук, рециклиран полиестер, па дури и коноп. Убав и лукав начин кој дефинитивно ќе го разбранува модниот пазар, од аспект на тоа дека овие еколошки материјали и ткаенини не чинат многу пари.

Супермоделот и портпарол на кампањата Амбер Валета вели:

„Оваа линија покажува дека модната свест може да придонесе за свесноста кај луѓето и животната средина. Јас едноставно ги сакам креациите и моделите кои ги нуди овој бренд, но уште повеќе ми се допаѓа и фактот дека сите тие се изработени од органски и рециклирани материјали.

Венчаницата ќе биде пуштена во продажба во сите продавници на H & М во Европа оваа пролет по цена од 79,95 евра.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел