H&M нуди најдобри услови за работа

30 јули 2018

Познатиот моден бренд H&M е најдабар работодавач за жени во САД, односно нуди најдобри услови за работа, според последното истражување на Форбс и маркетинг агенцијата Статиста.

Од компаниите во модната индустрија, брендот се најде на 23 – тото место од вкупно 300 во категоријата.

Новиот годишен попис беше направен поради движењето насловено како #MeToo, кое го одбележа крајот на 2017 – тата и цела 2018 година.

На пописот се најдоа и компании како Левис, Мајкл Корс, Гап, како и Гугл и Икеа на 56 – тото место. Меѓу последните на пописот се најдоа Мајкрософт, Епл и на последното место Амазон.

Во анонимното истражување интервјуирани се 40.000 Американци, вклучително и 25.000 жени вработени во споменатите компании. При истражувањето во предвид биле земени следните критериуми: условите за работа, застапеност на мажи и жени, услови за породилно отсуство, дискриминација на полова основа и друго.

Покрај ова, се внимавало и на тоа дали и колку жени има на раководни позиции во компаниите.

Објавено:
30 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
363 пати