H&M: Што значи да си дама?

13 септември 2016

Популарниот бренд H&M ја претстави есенската кампања и се приклучи кон брендовите што ја слават различноста.

Тие одлучија да ги стават конвенционалните стандарди за убавина на страна и да докажат дека жените се убави без разлика на различните облици на тело, големина, раса и година.

За таа цел во рекламата се појавуваат и трансродовиот модел Хари Неф, плус-сајз моделот Палома Елсесер и супермодел од 1970-тите Лорен Хатон.

„She ‘s a Lady“ е песната што оди во позадина, како одговор на тоа дека секоја жена може да е дама.

Објавено:
13 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.186 пати