Глен Клоус, Лејди Гага, Кетрин Хан, Никол Кидман, Реџина Кинг и Рејчел Вајс се шесте познати дами кои ја красат насловната на последното издание на The Hollywood Reporter.

Облечени во фантастични црвени креации, во интервјуто за магазинот тие говорат за движењето #MeToo, за тоа колку е различен Холивуд денеска и посочуваат дека има нешто силно и во тоа да си ранлив.

За сликањето, актерките се договориле дека овојпат ниту една нема да носи панталони и мора да признаете дека секоја една од нив изгледа совршено во внимателно одбраните дизајнерски парчиња.

Во интервјуто Лејди Гага посочува дека она што ја воодушевило, а е поврзано со движењето #MeToo, е тоа што нивните колеги актери постојано ги подржувале и ги бодреле со зборовите дека мора да бидат гласни по ова прашање и дека секогаш сакаат да го слушнат она што тие имаат да го кажат.

Речиси секоја една од актерките кои се наоѓаат на насловната, имале проблем со некој од нивните колеги без разлика дали биле актери или пак некој од екипата и биле дел од непријатна ситуација или нешто посериозно.

Тие се согласуваат дека жените секогаш треба да разговараат и да ги обелоденуваат овие проблеми, иако секоја една кога ќе се најде во таква ситуација, најчесто занемува и не знае како да реагира, бидејќи никогаш и не очекува такво нешто.

Лејди Гага посочува дека ваквите работи биле чести кога таа била на почетокот на кариерата и дека тоа било нешто нормално, нешто што се случува, особено во музичкиот бизнис. Таа додава и дека сега посакува да зборувала на овие теми порано, за да не се случи истото на некоја друга девојка.

Таа им се обрати и на сите останати актерки кои беа дел од интервјуто и им честиташе за она што го прават тие секој ден, за сите нивни неверојатни улоги и за тоа колку е тешко секгаш да влезат во карактерот на различен лик за различен филм.

Потенцира и дека сè уште и е тешко целосно да излезе од улогата на Али во „A Star is Born“, па не може да замисли како е некој да го прави тоа постојано, со различни ликови.

Инфо и фото: Hollywood Reporter/Miller Mobley

Објавено:
29 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
456 пати