Хрватски модел во финалето на „Проект Писта“

2 септември 2014

Слатката Теа Крамер од хрватската агенција Талиа Моделс, ќе биде една од манекенките кои ќе ги прикажат креациите на финалистите дизајнери во годинешното издание на емисијата „Проект Писта“. Таа за еден од хрватските модни портали одговара на неколку прашања поврзани со нејзините ангажмани во Њујорк и за тоа какво е чувството да се работи во еден од светските модни центри.

Како дојде до учество во ова големо модно шоу?

Бев на кастинг и воопшто не се надевав дека ќе се случи нешто вакво. Следниот ден, ми се јавија и ми кажаа дека токму јас ќе бидам дел од финалната епизода на шоуто, што значи и дека ќе носам модели на модната недела во Њујорк.

Каква е Хајди Клум? Како изгледа целата продукција и самиот процес на снимање на вакво шоу?

Хајди ја видов само на неколку секунди, така што сега не можам да кажам ништо за неа. Снимањето беше неверојатно организирано и опуштено што воопшто и не забележавме дека не снимаат. Сите тие мали камери се стратешки наместени по просториите, сите се неверојатно професионални, а во истовреме и толку лежерни.

Неодамна се пресели во Њујорк, какви ти се првите впечатоци? Кои се твоите идни планови?

Агенцијата ми се вика Jewels, мала модна агенција, не има околу 20 девојки, што е супер, бидејќи нашата агентка успева максимално да ни се посвети на сите, што во големите агенции не е случај. Исто така е супер тоа што и таа претходно била модел, па точно не разбира и знае низ што сѐ поминуваме во овој период. Планот засега е да се појавам на модната недела во Њујорк, па потоа ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со моите ангажмани и што ќе се случи следно.

Објавено:
2 септември 2014
Категорија: 
Актуел