Хуманитарен фризерски спектакл „Мајсторите за мајсторот“

13 јуни 2017

Познати македонски фризери и стилисти, како и учесници од регионот на 18 јуни (недела) ќе се обединат со хуманитарна цел во „Музејот на современата уметност". Настанот под мотото „Мајсторите за мајсторот" кој е во организација на Здружението на фризери „Hair fashion group" со почеток во 19 часот, е замислен како двочасовно шоу на терасата на музејот, на кој публиката ќе има можност на несекојдневен начин да ужива во најновите трендови за фризури и шминка.

Имено, собраните средства од фризерскиот спектакл ќе бидат наменети за лекувањето на стилистот Љупчо Петрушевски, попознат како Бубе „Ин", за кое се потребни 20.000 евра.

Во недела посетителите ќе лицитираат и за неколку потпишани дресови од машкиот ракометен клуб „Вардар".

Веднаш по шоуто на истата локација, на отворено ќе се одржи и забава.

„ Ние фризерите, колеги и пријатели на Бубе, се обединивме како едно хумано семејство за да му помогнеме да добие уште една битка и да продолжи да прави чуда со своите магични раце. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиционален и дека и во иднина ќе им помагаме и на други на кои им е најмногу потребно", велат организаторите.

Со цел собирање на потребните средства на самиот влез во музејот ќе се продаваат билети по цена од 500 денари.

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.280 пати