Хуманитарен проект на модната куќа Марни

3 април 2014

За недела дена во Милано ќе започне Саемот за мебел Salone del Mobile на кој своите колекции ќе ги претстават најпознатите модни куќи и дизајнерски студија. Минатата година најголемо внимание привлече проектот на Марни „100 столици“, а оваа година модната куќа ќе се претстави со хуманитарен проект во соработка со колумбиските занаетчии.

„Animal House“ е бајковита инсталација чии главни ликови се птици, жирафи, зајаци, ноеви и многу други животни, асиметрични столици во јаки нијанси плетени од жица. Секој предмет е изработен рачно од група колумбиски жени, а дел од продажбата ќе биде донирана за заболените од тешки болести.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Актуел