И Гучи се откажува од природното крзно

12 октомври 2017

По Армани и Хуго Бос, уште едно големо дизајнерско име се одлучи за хумана мода и отстапи од користење природно крзно во својот дизајн.

Организацијата The Human Society of the United States и меѓународната коалиција Fur Free Alliance, ја пренесоа информацијата дека модната куќа Гучи објавила дека повеќе нема да користи животинско крзно во својот дизајн, почнувајќи од колекцијата за пролет-лето 2018.

Компанијата со овој чекор им се приклучи на дел од водечките светски брендови кои не имплементираат крзно во својот дизајн, меѓу кои се и Стела Мекартни и Net-A-Porter...

Воедно, Гучи ќе се приклучи и на меѓународната програма Трговија без крзно, што станува се поактуелна во модната индустрија.

 

Објавено:
12 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
365 пати