Има 16 години и неверојатно потсетува на Жизел Бундшен

22 март 2018

Во модната индустрија се појави ново лице, кое неодоливо потсетува на славната Жизел Бундшен. Се работи за 16-годишната Паула Ла Кроа, за која многумина велат дека е неверојатно колку личи на Жизел, а притоа не се во никаква роднинска врска.

Всушност, тие две не се ни познаваат. Она што им е заедничко, освен физичкиот изглед е тоа дека и двете се од Бразил.

Со долгата брановидна коса, идентичната боја, очите, модните инсајдери прогнозираат дека ќе биде новото големо име меѓу моделите од новата генерација.

Имајќи предивд дека колку следбеници имате на социјалните мрежи и колку сте влијателни таму, тоа се одразува и врз работата, оваа млада девојка за сега има преку 260.000 следбеници на Инстаграм, а поради споредувањето со Жизел Бундшен, таа бројка секојдневно расте. 

„Тоа што ме споредуваат со Жизел, за мене претставува честа. Таа е едноставно неверојатно. Верувам дека споредбата ќе донесе само позитивни нешта и ќе влијае позитивно и врз мојот став. Нема да кријам дека ме инспириа, особено нејзината самодоверба. Сепак, сакам да создадам свој пат за кој ќе се изборам. Мојата цел е да бидам своја и да изградам своја кариера. Но, не се споредувам со неа, затоа што сметам дека двете сме уникатни“, вели Ла Кроа во едно интервју.

Меѓу коментарите по социјалните мрежи имаше и шеговити коментари како „Има нешто во бразилската вода штом вакви се раѓате“. 

Ова внимание младата Паула ќе треба да го искористи на најдобар можен начин, за да ја постигне својата цел и да излезе од сенката на моделот.

А во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Ла Кроа, па сами проценете ја сличноста.

 

 

 

 

 

 

 

 

A post shared by PAULA LA CROIX (@paulalacroixx) onJan 25, 2018 at 12:27pm PST

 

 

 

Објавено:
22 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
831 пати