Името на кралското бебе - изненадување за обложувалниците

8 мај 2019

Откако Меган и Хари го покажаа нивниот првороден син, британската, а и светската јавност со нетрпение очекуваа да слушнат какво име ќе добие.

Од кралското семејство пред малку ја соопштија информацијата дека новиот наследник се вика Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор.

Интересно е што ова име воопшто го немаше на обложувалниците. Меѓу фавротите беа Спенсер, Џејмс, Едвард, Чарлс, Филип, Артур, Алберт, Александар, Тео, Грег...

Покрај оваа информација, на социјалните мрежи на кралското семејство се појави и нова фотографија од која се гледа дека и кралицата Елизабета, принцот Филип и мајката на Меган веќе се запознале со новиот член на семејството.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) onMay 8, 2019 at 8:39am PDT

 За потсетување, Меган пред два дена на свет го донесе Арчи, кој е седми во редот на престолонаследници. Сепак, по желба на татко му, тој нема до неговото име да носи ниту една титула - принц, лорд, ерл... за да може да расте како обичен граѓанин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) onMay 8, 2019 at 6:34am PDT

 

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.987 пати