Индијката Нелам е новата миленичка на Бaрбери!

17 февруари 2014

Осумнаесетгодишната Индијка Нелам Јохал е добро позната ѕвезда на минатогодишната кампањата на Бaрбери, а прекрасната манекенка ќе се појави и на нивната денешна ревија во рамки на лондонската модна недела.

„Многу се радувам бидејќи им ги отворив вратите на другите девојки како мене“, вели Јохал, додавајќи дека се чувствува неверојатно што токму таа е избрана да биде дел од ревијата на светски познатиот бренд и што полека, но сигурно ги руши предрасудите за индиските девојки во модата.

Првото појавување на Јохал се случи кога таа имаше 13 години, а веќе на 14 потпиша договор со агенцијата Моделс1. Како што таа појаснува, отсекогаш ја сакала модата и сѐ што се врти околу неа.

„Во периодот од 14 до 16 години, сакав да бидам моден новинар“, вели Јохал. „Нарачував многу книги со кои сакав да се образувам себеси на тоа поле и сѐ уште ги имам книгите. Модата е огромен дел од мојот живот, не само поради мојата работа, туку и поради тоа што и самата сум заинтересирана“, раскажува Јохал.

Јохал го имаше своето прво позначајно појавување на модните писти минатата година на ревијата на Бaрбери, на што следеше и кампања фотографирана од Марио Тестино.

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога ми се јавија од агенцијата и ми рекоа дека и јас ќе бидам дел од кампањата на Бaрбери. Отидов во агенцијата и во моментот кога ми кажаа, јас почнав да плачам и сите ми ракоплескаа. Тоа беше едно незаборавно чувство“, вели Јохал.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Актуел