Исповед на Џон Галијано: Мислев дека имам се` под контрола!

5 јуни 2013

Џон Галијано. Од дизајнер на кого сите му се поклонуваат, стана дизајнер што сите го избегнуваат. Сепак, некои од еминентните модни стручњаци и дизајнери, како Оскар де ла Рента, јавно прозбореа и застанаа во одбрана на модниот генијалец, и бараа од остатокот да му простат за непромислените изјави, објаснувајќи го неговиот чин како последица од исцрпеноста и зависноста која земала замав.

Имено, во 2011 година дизајнерот во еден француски бар беше снимен како изговара антисемитски изјави, по што беше осуден од јавноста и отпуштен од работното место, креативен директор на Диор.

Највеното големо интервју за американскиот „Венити Феир“ магазин, за случувањата на кои ни самиот не сака да се сеќава, се објави. После две години повлеченост, дизајнерот јавно прозборе за сите проблеми-  за зависностите кои го носеа кон дното и од кои и денес се обидува да се извлече.

-Никогаш не пиев алкохол за да ја разбудам креативноста. За тоа алкохолот не ми беше потребен. Првин, тоа беше начин да  се опуштам кога не работев, потоа почнав да го консумирам за да се опуштам по ревиите. Како и на сите и мене ми требаа по неколку дена да се опоравам, но со се поголемиот број колекции, пиев се повеќе и одеднаш станав роб на пиењето. По алкохол, следеа пилули – не можев да спијам. Тогаш почнав да земам други пилули затоа што не можев да престнам да се тресам. Низ куќата имав огрмни боци алкохол кои други ми ги подарувале. При самиот крај, пиев се што ќе најдев, од вотка до вино. Верував  дека виното ми помага со несоницата, но се лажев. Успеав да ги стишам гласовите во глава, но никогаш не признав дека сум алкохоличар. Мислев дека имам се под контрола- изјави Галијано.

Дизајнерот додаде дека  постојано живеел во балон во кој други луѓе работеле се за него.

-Зад сцената постојано имаше  пет луѓе кои чекаа да им дадам задачи. Една личност беше задолжена да ми ја држи цигарата, а друга запалката. Не знаев ни банкомат да користам- признава дизајнерот.

На немилиот настан поради кој остана без работа во Диор, тешко зборува. Откако дознал што направил, се обидел да се сети на таа вечер, но не му успеало.

-Мојот асистент ми рече дека постои видео. Кога го погледнав, повратив. Стравот од виденото ме парализираше. Сега сфаќам дека тогаш сум бил проклето лут и дека сета лути ја насочив кон таа раса. Бев толку незадоволен со себе, па ја реков најодвратната работа на која се сетив- раскажува дизајнерот, кој потецира дека и покрај антисемитските изјави, тој не е расист.

Изминатите две години Галијано ги посветува на преиспитување на својот живот, за тоа како да ја надмине болеста, за грешните чекори што ги направил, пришто чита книги за Холокаустот и Евреите.

-Знам дека звучи бизарно, но благодарен сум за се што се случи. Многу научив за себе. Повторно го открив малото момече со амбиција да креира, кое се чини го изгубив. Жив сум!- изјави Галијано.

Тој додава дека и после толку време, се уште учи и дознава колку многу луѓе повредил, меѓу кои и пријатели кои ги знае цел живот.

Додека e на рехабилитација, го посетуваат Линда Еванџелиста и Кејт Мос.

-Ми се јави Кејт Мос да го дизајнирам нејзиниот венчален фустан. За тоа разговараме уште додека бев во Диор. Креирањето на нејзиниот фустан за мене беше знак. Тоа беше моја креативна рехабилитација. Таа ме охрабри јас да бидам јас повторно – вели Џон.

Во ексклузивното интервју, освен него говорат и неговите пријатели и колеги меѓу кои и Елтон Џон, Ана Винтур, Наоми Кембел, Оскар де ла Рента, Диан фон Фурстенберг, членови на еврејската заедница, како и неколку специјалсти за болести на зависност.

Објавено:
5 јуни 2013
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Џон Галијано