Ива Михаловска и Сандра Стефановска остварија успех на Miss Fashion TV

9 мај 2018

Во Букурешт минатиот викенд се одржа избор за Miss Fashion TV Evropa 2018, а во рамки на истиот се одржа и пролетниот Fashion TV Festival. Се работи за големо модно случување кое се одржува во романскиот парламент.

Македонија имаше две претставнички, Ива Михајловска и Сандра Стефановска, кои успеаја да освојат и титули.

Ива е Miss FTV Star, која ја доделува лично Мишел Адам, сопственикот на FTV, додека Сандра е Miss Telegenic, специјална титула која ја доделуваат десетте камермани на FTV, кои постојатно ги следат девојките со камера. Според нив, Сандра е најубавата девојка.

Со освоените награди и двете Македонки автоматски се пласираа на светското финале, Miss Fashion TV Word 2018, кое ќе се одржи во септември на Кипар.

Лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели ја поседува Модното студио Црнокрак, во чија организација отпатуваа и престојува и чии члнеки се и двете наградени девојки

Објавено:
9 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
611 пати