Изабел Марант ќе дизајнира за H&M

11 јуни 2013

Познатата париска дизајнерка Изабел Марант ќе ја дизајнира колекција за популарниот бренд за есен/зима 2013/2014 година. Што смислила Марант за следната сезона, ќе може да се види во продавниците во ноември годинава. Тоа нема да се однесува само на облеката, туку и на асесоарите за жени и тинејџерски, а новитет е и тоа што во рамските на оваа соработка Марант за првпат ќе дизајнира и за мажи.

-Почестена сум со оваа соработка. H&M соработува со најдобрите дизајнери и нивниот повик за мене претставува неверојатна чест. Во оваа колекција сакам да создадам нешто вистинско, што жените ќе посакаат да го носат секој ден, и тоа со доза на ноншалантност, која според мене е мошне париска- се облекуваш, но не придаваш многу внимание и сеедно изгледаш секси – откри дизајнерката.

Името Изабел Марант за кусо време стана едно од највлијателните модни имиња на денешницата, а нејзината интерпретација на парискиот шик, измешан со доза на бохо елеганција и рок, е нешто што го обожуваат милиони девојки ширум светот, од кои голем дел ќе можат конечно да си дозволат и парче со нејзиниот потпис.

 

Објавено:
11 јуни 2013
Категорија: 
Актуел