Изложба на дизајнерски новогодишни елки во Сити Мол

3 декември 2013

Овој четврток, Скопје Сити Мол ќе биде местото каде ќе можат да се видат најубавите дизајнерски новогодишни елки дизајнирани од македонски креатори, стилисти и модни уредници.

Минатогодишната елка на професор Филип Фидановски - Лазар Личеноски Минатогодишната елка на професор Филип Фидановски - Лазар Личеноски

Свои волшебни елки на изложбата ќе имаат некои од најпознатите македонски дизајнери како Елена Лука, Олгица Ѓоргиева, Јована Филиповиќ, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, тимот на Stylist.mk, Mikka design на Катерина Микрут, Le brand, Ирина Тошева, тимот на Stylefiles.mk, EVEE на Ивана Цветковска, Стефанија Насеска, Милена Танаскоска моден новинар во списанието Unique, Небојша Толески моден дизајнер и моден новинар во Теа Модерна и тимот на Моден викенд Скопје.

Посетителите ќе можат да го проследат целиот процес на декорирање на уникатните новогодишни елки од 18 часот, а креаторите на приземјето во трговскиот центар Скопје Сити Мол од 18 до 20 часот ќе имаат и претставување на својот проект пред најмладата публика со корисни совети како сами да направат една поинаква новогодишна елка.

Во „Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе можете да уживате во текот на целиот, најубав месец од годината, декември.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Актуел