Изложба на Еклектика и Лудус во Капан Ан

30 мај 2017

Во студиото Еклектика во Капан Ан, утревечер со почеток во 19.30 часот ќе се одржи изложба на накит и моден дизајн на дизајнерите Моника Лозановска и Александар Милевски од Еклектика и Драган Христов од Лудус. 

SENSES

Дизајнерката Моника Лозановска ќе ја претстави новата колекција Сетила (SENSES) - нова рачно изработена линија на обетки. Посветена на основните човечки сетила, линијата претставува рачно изработени скулптури преточени во уникатни обетки. На прв поглед обетките се со едноставен и минимален дизајн, но нивната скулптуралност, налик на мали уметнички дела, им дава елемент на суптилна експресија поврзана со основните сетила. Целата линија е изработена од сребро. Кругови, триаголници, квадрати, со испреплетени ланчиња меѓу нив и вметнат филигран и мнооогу љубов ја составуваат колекцијата која е наменета за оние со младешки дух, за оние кои сакаат да бидат препознатливи.

SILHOUETTES

Новата колекција на авторот Александар Милев SILHOUETTES се состои од обетки со апстрактна форма на женски силуети. Изработени се од сребро со полудраги камења, наменети за софистицирани, модерни и сигурни жени.



IMPERFECTIONS

Новата безродова колекција на Лудус IMPERFECTIONS е досега најдлабоко истражување на темите што авторот Драган Христов ги разработува во творечкиот циклус. Базирана е на различни и навидум неспоиви референци и влијанија, како бизнис облеките од почетокот на 90-тите, филмската дива Бети Дејвис, балетот и јапонската ваби-саби филозофија.
И оваа колекција е изработена од висококвалитетни природни материјали како памук, лен и мерцијализиран памук.

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
97 пати