Јакните на „Баленсијага“ предмет на исмевање

15 март 2018

По светските медиуми, а уште повеќе социјалните мрежи деновиве кружат пародии на сметка на волуменозните јакни и капути на брендот „Баленсијага“.

Иснтаграм профилот на кој се појавија такви фотографии е насловен како @itsmaysmemes, но сè уште не е познато кој стои зад него.

И така волуменозните јакни и капути, на Инстаграм фотографиите се преувеличани за неколку пати.

Ова многумина ги потсети и на култната сцена од серијата „Френдс“, кога Џои Трибијани (Мет Лебланк) ќе ја облече сета облека од Чендлер и ќе го постави прашањето „Можам ли уште нешто да облечам“?

Инаку, не се само моделите на Баленсијага засегнати на овој профил, но доминираат. Некои ваквиот чекор го гледаат како смешен, други како смел, но без разлика што е целта, факт е дека уште повеќе ги популаризираа овие модели и модната куќа. 

Тука се отвора и прашањето, колку тоа што го создаваат модните куќи може реално да се употреби и како изгледа на модните шоу-а на улиците и меѓу обичниот народ.

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 8, 2018 at 10:54pm PST

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 7, 2018 at 9:06pm PST

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 7, 2018 at 1:10am PST

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 6, 2018 at 1:26am PST

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 11, 2018 at 11:46am PDT

 

 

A post shared by May (@itsmaysmemes) onMar 10, 2018 at 8:41pm PST

 

Објавено:
15 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.105 пати