Јапонскиот „Вог“ постави рекорд

23 јуни 2017

Августовското издание на јапонскиот „Вог“ ќе остане запаметено во модната историја. Причина за тоа е насловната страна на која ќе има дури 67 модели. Никогаш претходно, за ниту едно издание на магазинот не биле ставени толку многу луѓе за насловна страна.

 

A post shared by VOGUE JAPAN (@voguejapan) onJun 20, 2017 at 6:35pm PDT

 

Се работи за 67 модели од есенското шоу на Долче и Габана, а меѓу нив се и Корин Фокс (ќерката на Џејми Фокс), Роуз Гилрој (ќерката на Рене Русо), потоа синот на Памела Андерсон, Дилан Ли, како и ќерките на Кит Ричардс, Ела и Александра...

Тие се облечени од парчињата од есенската колекција на брендот, за кого ова е повеќе од одлична реклама за азискиот пазар.

Иако се работи за августовско издание, сепак ќе се најде во продажба од 28-ми јуни. 

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
195 пати